Греење на сила: На Црногорец му вградиле радијатори во присуство на полицијата!


Во бутикот на Десмир Дачиќ, со сдски налог му било наложено да стави греење и покрај тоа што истиот тој инсистирал дека не му било потребно.

Ваквото нешто дополнително му го отежнало буџетот за 5000 евра. Имено тој не е единствен стопанственик во овој град на кој што му е наложено да инсталира греење.
На основа на судска пресуда, со присуство на полицијата, во бутикот извршителите инсталирале греење и покрај тоа што сопственикот упорно инсистирал дека не сака да му биде вградено парно греење.
Сметката од греењето му била испратена на Дачиќ, но откако тој одбил да ја плати, истата му била пратена по судски пат.

Меѓутоа, судската одлука ги опфатила и одново вградените грејни тела, што е направено во присуство на полицијата. Даџиќ не пружал отпор, но бил огорчен од тоа што, против негова волја е вграден радијатор и неговиот прилично уреден работен простор морал да се руинира одново.

„Го купив местото во 2011 година. Имаше три оштетени радијатори. По истекот на грејата сезона во мај, се обратив до Топлификација за да се исклучам од системот на греење. Доставив и листа со согласност од станарите на станбената зграда во кој се наоѓаше мојот бутик. Ваквата согласност беше прогласена за фалсификат, а тоа особено ме навреди. Јас сум чесен човек. Никогаш не сум бил лопов ниту фалсификатор“, зборува Дачиќ.
Од топлификација лобираат кај станарите да ја повлечат согласноста за неговиот локал да се исклучи, тврди Дачиќ.
„Кога го отворив локалот во септември минатата година, почнав и да го реновирам. Од топлификација ми испратија комисија која констатираше дека инсталираните грејни тела се отстранети и тогаш започнаа моите маки“, вели Дачиќ.
Тој вели дека не може да свати како мора да плаќа услуга за нешто што не го користи.

„Подготвен сум да платам за се што ќе потрошам, но сакам да знам колку точно имам потрошено. Им предадов на Топлификација и проект за идејно решение на греењето во мојот локал. Топлификација се однесува насилнички и тоа на начин, ти велат, ќе се договориме, но на крајот ќе биде онака како што јас ќе кажам.
Тој не е единствениот стопанственик кој има проблем со греењето кое всушност не го сака. Ист проблем има и Фико Делиќ сопственикот на бутикот „Прољече Комерц“. Делиќ водел повеќе спорови и на крајот и во неговите деловни простори се вградени радијатори со асистенција на полицијата.

Принудното вградување на радијаторите, ги чини бизнисмените додатни 5000 евра. Од Топлификација говорат дека строго ги почитуваат општинските прописи и закони и дека сите одлуки од судот ќе ги спроведуваат без приговор.

Tags: , , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1