Турист од Грузија имал сообраќајна несреќа со својот мотор во центарот на Солун. Удрил во бетонски столб. Полицијата пристигнала на местото и биле зачудени што жртвата која починала на самото место нема срце.
Според медиумите грузиецот веќе неколку месеци живеел и работел во Солун. Ноќта меѓу саботата и неделата, додека се враќал дома удрил во бетонскиот столб. Медиумите шпекулираат дека случајни минувачи наместо да му помогнат на момчето го извадиле неговот срце, најверојатно за да го продадат на црниот пазар на органи.
Полицијата пак тврди дека има цврсти докази за криминално шверцерска група од Грузија. На местото на несреќата е најдено и огнено оружје, но информираат дека жртвата немала прострелни рани.
Жителите на овој дел од Солун се во паника, стравуваат да не се повтори и убедени се дека се работи за шверц со органи.