Бразилските затвореници со вртење на педалите создаваат струја и го возат својот пат до слободата


Бразилските затвореници со вртење на педалите на неподвижен велосипед го возат својот пат до слободата, а истовремено ги осветлуваат и градските светилки

Во еден бразилски затвор, управникот дошол до идеа како ќе успее да обезбеди струја за уличните светилки. Имено на бразилските затвореници им било сугерирано да ги вртат педалите на неподвижен велосипед, кој што бил поврзан со моќен генератор низ кој протекувала струјата до градскиот центар за осветлување на некои од уличните светилки.

Двата инсталирани велосипеди обезбедувале струја за шест улични светилки. За 16 часа вртење на педалите, на затворениците им се намалувала казната за еден ден.

„Причината која стои зад ваквата понуда не е да се профитира од затворениците, туку, велосипедите се инсталирани за истите да останат во добра физичка форма“ изјавил градскиот судија Хозе Енрике Малман, чија идеја потекнува токму од него. Најпрво скептиците беа против ваквиот проект, со вртење на педалите затворениците да се изборат за слобода, но подоцна идејата го придоби нивниот ентузијазам. Во план се да се инсталираат уште осум вакви велосипеди.
Освен вртењето на педалите на велосипедот, затворениците во бразилскиот затвор можат да си ги намалат казните и со читање на книги и есеи.

Share Button

Tags: , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1