И на одмор во 15 земји ви важат сините картони


 

Осигурениците на Фондот за здравствено осигурување во текот на летните одмори можат да се лекуваат во странство како дома. Осигурувањето важи во вкупно 15 европски земји.

Германија, Австрија, Турција, Хрватска, Словенија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Босна и Херцеговина, Чешка, Холандија, Луксембург, Белгија, Франција и Италија.

Сините картони важат во случај на итна потреба од лекарска помош односно, услуга која не би можела да се одложи до планираното враќање во Македонија.

За да ви важат сините картони потребно е пред патувањето да се обратите во подрачната служба на фондот и да пополнат барање за издавања на двојазичен образец за една од наведените земји.

овој образец всушност има улога на привремена здравствена книшка во земјата каде што патувате. Со овој образец всушност за здравствените услуги ќе плаќате само партиципација доколку во таа земја се наплатува партиципација. Доколку не, тогаш не плаќате ништо.

Tags: , , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1