Има само 13 год, го викаат палавиот Ханис, а тој има веќе 3 кратки филма зад себе


Има само 13 години, живее во Тетово, а како младо момче веќе сака преку своите филмови да едуцира – што е добро – што е лошо. Сонува да биде режисер.

Еве што за себе вели младиот Ханис Багашов.

1. На оваа планета паднав на 18.08.1999. Роден сум и живеам во Тетово.Имам помал брат Орхан, кој исто така се занимава со актерство.Учам во основното училиште “Лирија” во Тетово и сум седдмо оделение (осмолетка). Отсекогаш сум сакал да изведувам нешто пред публика. Комшиите ме познаваат како палавиот Ханис.

Пред две години вртејќи по телевизиските канали здогледав една детска театарска престава на една  телевизија во Тетово. Додека ја гледав детската театарска престава им се воодушевував на децата актери. Истото беше и кога од училиште не носеа во театар да гледаме театарска престава, јас тогаш останував вчудовиден од актерите. Тогаш ми се роди една желба да бидам и јас како нив. Тоа и се случи. Пред не полни две години за прв пат стапнав на театарските штици. Од тогаш театарот е мојата прва љубов. Освен со глума и режија се занимавам со фотографија и карате.

2. мојата прва љубов е театарот, но еден ден ми се роди желба и за режија и кинематографија. Првото искуство пред камера го имав кога почнав да снимам и да глумам со моите другари и колеги во хумористичните скечеви “ХМЦ-комеди”.

Снимајќи се повеќе скечеви ми се роди желба да снимам и краткометражен филм. За да го снимам ми требаше тема, па така разнимлисував за темата на филмот.

Ми текна на позната поговорка која вели “добриот секогаш победува” , па така оваја поговорка сакав да ја спојам во сцени и да добиам краткометражен филм, кој можеби ќе ги убеди младите да не тргнуваат по лош пат затоашто крајот на тој пат е трагичен.

Истото е и со краткометражниот филм “1 ДЕНАР” чија тема е алчноста која владее кај луѓето и која се јавува уште од мали нозе. Оваја темата ја одбрав затоашто се повеќе и повеќе гледам во општеството алчни луѓе, кои се алчни дури и за непотребни работи.

3. Темата или идејата за еден режисер според мене е најлесниот дел од проектот, затоашто идеите се насекаде окулу нас и има избор на теми.

4. Екипата на филмот “Победа” беше доста голема како со актери така и со луѓе кои беа позади камера. Со оглет на тоа дека ми беше прв филмски проект барав искусни луѓе кои ќе ми помогнат во проектот и сум благодарен на нив. А пак “1 ДЕНАР” освен актерите и јас немаше други луѓе, затоашто снимањето се случи непланирано.

5. Мојата желба за професија е режијата.

6. Краткометражните филмови најчесто се снимаат со некаква предвидена цел како што се филмски фестивали и разни проекти. Но овие два филма не ги снимав со некоја цел затоашто овије снимања ми беа како ушилиште.Преку секое снимање учев по нешто ново, нов филмски поим,техника и така натаму. Но сепак можеби ќе ги пратам на некој фестивал. За да добиат публицитет филмовите треба да се прикажува на локалните телевизии па дури и на некои национални и во пишаните медиуми.

7. Овие два филма се мои први филмови. Имам сценарио за нов филм кој планирам да се сними набгру и се надевам дека секој понатамошен проект ќе биде подобар од претходниот.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1