Раде Стојев ја уби новата жена и неговата 16 годишна ќерка. Долги години на првата жена, мајката на Александра не и дозволувал да го види детето.
16 годишната Aлександра Стојев, 33 годишната Александра Недељковиќ, како и убиецот 44 годишниот Раде Стојев се телата пронајдени вчера на патот кај Ниш.
Раде скршнал од патот со возилото застава 128 – им пукал во градите на новата жена и на 16 годишната ќерка кои седеле на задното седиште, а потоа си пукал во уста и се самоубил.
Александра му била ќерка од првиот брак. ,, беше во брак со Биљана, ја добија Александра но потоа пред 8 години се разведоа.
,, Детето остана со него, а тој не и даваше на мајката ни да го види. Еднаш дури ја испиша од училиштето зошто дозна дека мајка и таму одела да ја види на неколку минути. Беше чуден човек, мрачен,, раскажува за српски курир роднина на убиецот.
Раде од неодамна почнал да живее со 11 години помладата жена Александра. Работел едно време како новинар во весник во Ниш но добил отказ и оттогаш никој не знае како заработувал за живот.
Во куќата живееле и неговиот татко, мајка и помладиот брат. Бил многу љубоморен на новата сопруга и постојано мислел дека го изневерува.
Телата ги нашол мештанин кој минувал крај патот околу 5 часот утрото. Прво го одминал возилото мислејќи дека се наркомани, но кога се вратил, околу 15 часот и повторно го видел возилото се доближил и ја видел стравичната слика.
Ќерката, 16 годишната Александра, и неговата нова жена 33 годишната Александра биле на задното седиште со прострелни рани во главите. Раде на предното седиште, а крај него е најден и пиштолот.