Спред новата одлука, освен изведувачите во живо сега пари ќе треба да плаќа и секој кој пушта музика, а профитира од тоа.
Ако за изведувачите парите ги собираше ЗАМП, оваа такса ќе ја прибира новоформирана организација на македонската музикча индустрија ММИ каде членуваат музички продуценти и изведувачи.
Здружението ММИ, за Вест појаснува дека се работи за сосема нова давачка. Колку ќе се плаќа зависи од квадратурата на објектот и времетраењето. Ако кафулето има 100 метри квадратни ќе си плати месечна давачка од околу 1.500 денари.
Според министерството за култура со наплата ќе се започне на есен и додаваат дека иако ова е нова пракса во Македонија, не е новитет во светот.