Како најлесно да се „оттарасите“ од главоболката!


Се чини дека научниците пронајдоа ефикасен начин за борба против непријатната главоболка. Доколку страдате од главоболка оставете ги таблетитепротив болки и напијте се една чаша вода.

Повременото пиење вода може да ги намали учесниците во главоболката и мигрената, а со тоа да се намали голтањето на таблети. Научниците од Универзитетот во Мастрихт во Холандија откриле дека седум чаши вода дневно се доволни да ги намалат болките и да го подобрат квалитетот на живот на оние кои страдаат од мигрена.

„Оние кои страдаат од главоболки може да имаат корист од пиење на поголема количина вода па мене ми се чини разумно да ја препорачам. Тие за кратко време ќе забележат дали дошло до подобрување“- изјавил Марк Спигт.

Во истражувањето учествувале повеќе од сто пациенти кои често страдале од тешки или благи главоболк па Марк им делел совети како да се ослободат од тегобите, на пример да внесуваат помалку кофеин или повеќе да спијат.

На едната група и било кажано дека мора да пијат дополнителни литар и половина вода дневно следните три месеци. Резултатите покажале дека на оние кои пиеле повеќе вода им се подобрила здравствената состојба.

Некои здравствени работници кои се занимаваат со проблемите на мигрената сметаат дека можеби станува збор за плацебо ефект, но признале дека многу луѓе кои превентивно пијат вода подобро се чувствуваат.

 

Share Button

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1