Како Подмочани го добило името – ЛЕГЕНДИ ШТО СЕ СЛУШААТ СО ПОДЗИНАТА УСТА


Многу легенди се шират за местата со специфични имиња. Една од најинтересните легенди е за раѓањето на името на преспанското село Подмочани.

Малкумина знаат дека ова село е изградено под селото Мочани, и затоа е наречено Под-мочани.
И, ако што вели преданието некогашните претци на денешните подмочанци живееле погоре. Се случило пред многу века еден ага, со арапско потекло, да ја бендиса најубавата девојка, а за девојка тогаш архаично се велело моча. Тој тргнал да ја зема, селаните не ја давале.

Дошол со голем аскер да ја граба, селаните во одбрана ги убиле речиси сите и ги закопале за да не се знае што направиле (на местото кое денеска е познато како арапски гробишта и каде при ископувањето се најдени остатоци од некогашното село и селска воденица).

Но, еден од војниците преживеал, се спасил, се вратил и кажал што се случило. И тогаш дошло наредба голем аскер да ги убие селаните од селото Мочани, наречено по моча (селото на девојката). Поголемиот дел од нив крваво завршиле, а оние кои преживеале изградиле село под тоа село, наречено Мочани, па оттука го добиле денешното име на селото. Иако пред неколку години имало иницијатива името да се промени, мештаните не сакале, тие си го сакаат оригиналното име, кое се користи веќе неколку века.

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1