Околу 90 илјади родители, наставници и ученици минатиот месец протестирале на улиците поради воведување на кинески патриотизам што според нив е перење на мозоците на децата со конеска пропаганда за полу-автономен Хонг Конг.
Активистите навеле дека штрајкот ќе трае 72 часа.
Владата ги отфрла ваквите тврдења, истакнувајќи дека во „националното образование“ ваквиот предмет е од огромна важност поради поттикнување на чувството на национална припадност и идентитет.
– Ние штрајкуваме со глад, бидејќи владата не го слуша гласот на народот, изјавил водачот на групата Џошуа Вонг.
Владата има план на почетокот на септември да го воведе предметот прво како изборен, а од 2016 година тој да биде задолжителен во наставата.