Кино салите поопасни од „гето“ – Обид за нов масакр на Бетмен


За малку е спречен уште еден инцидент на проекција на филмот „Бетмен“во Охајо. Нов „Џокер“ со пиштол и четири ножеви имал намера да направи масакр!


Полицијата го уапсила 37 годишниот Скот Смит откако во киното влегол со торба полна оружје и муниција. За среќа овој Џокер е навреме спречен, за разлика од Холмс кој минатиот месец на премиерата на филмот уби 12 лица, а повреди скоро 60.   Позитивни околности овојпат се што во моментот на апсењето единствениот гледач во салата бил само Смит.

При претресот на неговиот дом полицијата пронашла големо количество на оружје и муниција, обвинителството се уште не одлучило за какво кривично дело ќе го гони. Ова е втор случај што потсетува на инцидентот во Колорадо, пред десетина дена е уапсен уште еден „Џокер“ кој се јавил во својата поранешна фирма заканувајќи се на вработените дека ќе ги убие.

Со оглед на тоа во каква насока се движи „психата“ на поединци, филмските уметници навистина треба да подразмислат какви филмови ќе се произведуваат и прикажуваат во иднина.
aleksandar gjurceski

Tags: , , ,

Александар Ѓурчески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1