Кладилниците враќаат пари – невозможно било да се погоди кој ќе го запали олимпискиот оган


Совршено чуваната тајна за тоа кој ќе го запали олимпискиот оган на свеченото отворање на Олимписките игри во Лондон, ги изненади дури и кладилниците во Британија.

Кладилниците на островот ќе им ја вратат уплатената сума на обложувачите затоа што било невозможно да се погоди идентитетот на седумте млади спортисти, кои што ја имаа честа да го запалат огнот на свеченото отворање.

Руперт Адамс, портпаролот на прочуената кладилница Вилијам Хил, изјави дека резултатот не можел да се погоди и дека на клиентите ќе им биде вратен петоцифрениот износ.
Голем фактор во кладилниците беше петкратниот освојувач на златен медал во веслање Стив Редгрејев. Но, неговата улога беше да го донесе факелот на Олимпискиот стадион и да го предаде на седумината млади спортисти.
Високо котираше и Роџер Банистер, првиот атлетичар кој истрча под четири минути на трките на 1600 метр

Tags: , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1