Крис Заферидис – ,,Лош,, грчки новинар ја провоцираше Калиопи!


Многу лош новинар од мојата земја, Грција ја праша за нејзината национална припадност, а таа му дојде поблиску и му одговори- јас сум македонка, но ти еве избери си име! Фантастичен одговор, навистина, искрено вели Крис.

По повод неодамна одржаниот „Охрид фест, од соседна Грција ни дојде Крис Заферидис, респектиран човек, Претседател на еврофановите, прв човек на планетарниот сајбер фестивал Инфе (на кое се натпреварува и Лиза Мари Присли), и еден од главните луѓе во грчкото министерство за агрокултура.

Роден во Солун, живее во Атина, еврофан и музички колекционер. Овој пат ја менаџираше грчката пејачка Иро Ирополу, и за разлика од сите членови на жирито кои максималните поени ги дадоа за своите екслузивци, тој во Интернационалната вечер сосема ферски, не гласаше за својата пејачка, туку за другите.

Се сретна со своите омилени евровизиски пеачи, Владо Јаневски,Ѓоко Таневски, Влатко Илиевски, се дружеше со сите, а договори соработка со Ристо Сарамџиев и другите. Беше одушевен од Охрид, прашаувајќи се зошто порано не дошол.

– Овде е преубаво. Се потсетив на многу работи поврзани со евровизиските претставници, а најмноги со Тоше. Грчките поени тогаш отидоа за македонската ѕвезда. Голема е загубата бидјеќи го немаме Тоше, сите евровизиски фанови се со повредени чувства кога станува збор за него и не можат да го прежалат. Кога за прв пат го запознав на Евровизија во 2004 година во Истанбул, бев шокиран од неговиот перформан и глас. Тогаш си реков- единствена грешка е што Тоше на изборот во Скопје не го понесе трофејот со песната „Далеку од мене“. Се ќе беше поинаку.

За Калиопи има пофални зборови и кажува како малите луѓе прават големи забуни, кога им се дава шанса да бидет пред камера и во медиум.
-Голема изведувачка на сцена, голем артист една од најголемите на Евровизија 2012. Мој пријател пред тоа ја сретнал во Будва, и ми рече дека има една голема пеачка од Македонија и многу прекрасна личност. Во Баку блесна, а сите сакаа интервју со неа. Многу лош новинар од мојата земја, Грција ја праша за нејзината национална припадност, а таа му дојде поблиску и му одговори- јас сум македонка, но ти еве избери си име! Фантастичен одговор, навистина, искрено вели Крис.


Повторно ќе ја посети Македонија, а пред да си оди ни рече.
-Сега сум овде, во Охрид и сакам да го изразам мојот респект кон моите соседи (се мисли Македонци), А фестивалот е одличен, ваква сцена, ретко во која друга земја има. Обично фестивалите сега се со сиромашна сцена и со патетични песни, но овој фестивал едноставно беше одличен. Господинот Григор Копроив е голем човек, кој секогаш знае што прави, освен преубавите песни кои ги има создадено. Би сакал и Евровизиите да се нормализираат, да бидта како порано, а не циркуз. Со помалку пари, со поскромна сценографија и со поубави песни и почовечки и потопли односи меѓу земјите и народите, ни рече Крис.

Tags: , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1