Куба ја искорени неухранетоста кај децата – како?


Фондот на соединети нации за деца (УНИЦЕФ) објави дека Куба е единствена зејма од Латинска Америка и Карибите која ја елиминирала неухранетоста кај децата, благодарение на напорите на власта во Хавана да ја подобрат исхраната кај најзагозените групи.

Во последниот извештај на УНИЦЕФ под името „Прогрес за децата: Рамнотежа во исхраната“ се истакнува дека во светот има 146 милиони деца помали од 5 години со сериозни проблеми поради неухранетост.
Во текстот се наведува дека 28 проценти од овие деца живеат во Африка, 17 проценти на Блискиот Исток, 15 проценти во Азија, 7 проценти во Латинска Америка и Кариби, 5 проценти во Централна Европа, а 27 проценти низ другите земји во развој.

Извештајот предвидува дека до 2015 година една од целите на Куба ќе биде искоренување на сиромаштијата и одржувањето на животната средина. Покрај останатите постигнувања, жителите на Куба се истакнуваат со намалување на смртноста на децата која е 4, 7 на секое 1000 новороденче, една од најниски бројки во светот. Овој број е низок благодарение на достапниот здравствен систем кој е универзален и бесплатен за сите граѓани како и програмата а вакцинација која ги штити најмладите од 13 различни болести.

Tags: , , ,

Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1