Куриoсити на Марс сними „прст“, „чевел“ и „купола“ (Видео/фото)


Откако НАСА ја започна својата мисија на Марс на 6 август, и на светот почна да му доставува фотографии кои Куриосити ги сними на Црвената планета, беше прашање на време само кога ќе се појават разни теории од содржините на фотографиите.

Голем број на научници и аматерски набљудувачи се вклучија во истражувањето на испратените фотографии, а меѓу нив најголем интерес, кај оние кои што со нетрпение очекуваат да добијат одговор за тоа дали постои живот на Марс, се најде фотографијата на која се гледа објект во облик на човечки прст.

На Јутјуб се појави видео од исечок од снимениот материјал на Куриосити, за кое што голем број на експерти се сомневаат дека станува збор за човечки или пак марсовски дел од телото, а меѓу мистериозните предмети на фотографиите било забележано и потенцијална сандала, или чевел, купола па дури и вистински живо суштество од Марс.

Tags: , , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1