Писмо напишано во Витшје-Шведска на 1 февруари 1990 година, ги побива тврдењата на Љубчо Георгиевски дека тој е основач на ВМРО – ДПМНЕ. Како што пишува Курир, дошле до документ, писмо од Мане Јаковлески, кој сведочи дека Демократската партија за македонско национално единство (ДПМНЕ) постоела уште во 1990 година.
Писмото е напишано и потпишано од основачот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Богдановски.
“Здраво Душко, Твоето писмо од 21 јануари оваа година, го добив и разбрав се’ што ми пишуваш. Во врска со Илинденската партија за која што зборуваш дека треба да ја создадеме, ние веќе надвор од емиграцијата ја создадовме таа партија под името Демократската партија за македонско национално единство, која наскоро ќе испрати службено барање до Собранието на Југославија, до Сојузниот извршен комитет, до Собранието на Македонија, до републичкиот извршен совет на СРМ, до народното Собрание на Бугарија, до министерскиот совет на НРБ, до парламентот на Република Грција до грчката влада, во кое ќе бара партијата да се конституира и внатре во сите три дела на Македонија и како демократска партија на македонскиот народ, да работи по парламентарен пат за македонското национално и територијално обединување. Истовремено, во тоа барање, ќе бараме од трите балкански влади меѓународна гаранција дека нема да бидат затворени функционерите на нашата партија кои ќе се вратат во Македонија да ја конституираат и легализираат нашата партија”…
како што пренесува курир со овој документ се побиваат тврдењата на Георгиевски дека тој е основач. Додавката ВМРО, на веќе постоечката ДПМНЕ е додадена на средба во Минхен, на која учествувале Драган Богдановски, Гојко Јаковлески, Борис Змејковски, Љубчо Георгиевски и Владо Таранталовски.
фото Курир