Лекарите од Клинички центар ќе штрајкуват


Лекарите од клиничкиот центар во Скопје на 24 септември почнуваат генерален штрајк, соопшти  Независниот синдикат на Клиничкиот центар.

Штрајкот, според претседателот на синдикатот, доктор Дејан Ставриќ, го поддржуваат 90 отсто од лекарите на клинички центар, јавува радио слободна европа.

Има најава дека на штрајкот ќе се придружат и лекарите од Клиничката болница во Битола и од другите болници во земјата.

Замеруваат што се наградиле лекари кои не сработиле ништо особено, а да се казнат лекари кои два до три пати ја натфрлиле нормата.

Министерството за здравство може да го спречи штрајкот ако во меѓувреме ги исполни барањата на лекарите.

Главно барање на Независниот синдикат е зголемување на платите на лекарите, но не кажаа колкаво покачување бараат и со кои професии бараат изедначување. Второ барање е укинување на проектот за плаќање по учинок. И трето бараат надлежните да им се обраќаат со соодветен речник.
За време на генерален штрајк, ќе се примаат само итните случаи. Во синдикатот уверуваат дека ничиј живот или здравје нема да биде ставен под прашалник поради штрајкот.

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1