Летечка Ружица – Беше најбрза жена во Југославија, а незнела да вози во рикверц


Ружица Нешковиќ беше најбрзата жена во стара Југославија ја нарекуваа ,,летечка Ружица,, или ,, Летечка Новосаѓанка,, и завидуваа и мажите и жените, и нуделе пари и автомобили да ги пушти да победат, и подметнувале, ја сопнувале, и ставале рицинус во кафето – но Ружица продолжила да победува од инает.

 

Извозела околу 60 рели трки, освоила 39 трофеи, а платила во животот само една казна. Но не за брзо возење туку за кусо здолниште.

Првото рели го возела на денот на жената осми март 1965, а последното во 1997 година. Весниците ја нарекуваа “Женски Џејмс Дин”, “маж во штикли”, ” камшик за машката суета.” Таа вели не жали за ништо и не би го менувала својот живот.

Шпорет место медал

,, Во текот на мојата кариера ми подметнуваа и мажите и жените. Во Врање требаше да има трка и другите жени му се заканувале на организаторот дека ако јас учествувам тие ќе се откажат. Организаторот ми кажа и вика ако сакаш сепак дојди но ќе си вон конкуренција.

Отидов од инат за да ги победам сите. Победив убедливо – но поради фактот што не возев во конкуренција не ја добив наградата од 30.000 марки, неа ја поделија некоја Београѓанка и трето пласираната. А мене ми дадоа награда шпорет “алфа”. На шпоретот пишуваше ” за најдобарата автомобилисткиња на сите времиња во Југославија.” Шпоретот го оставив кај татко ми во кафеана да се греат. Мене ми беше доста што победив и што сум најдобра,, вели Ружица.

Таа се сеќава кога во 1970 година. дошла во Сремска Митровица на трка, почнла да бучи со своето фичо и полицаец почќнал да вика на цел глас – бегајте луѓе оваа ќе удри право во публика,, јас сопрев отворив прозор и му викам – не се сеќирај брзам да освојам прво место па ќе трчам дома да не ми загори ручекот,, кога заврши релито излегоа резултатите и му викам – ај ти си повисок види кој е прв – вика некоја Ружица” јас му велам епа ти прв ќе пиеш шампањ со мене. Тој ме гледа и вика ма немој да не си случајно ти тоа – а јас му викам мртва ладна – ма јок баба ми е, раскажува Ружица.

Шампањ без рицинус


Кога отишла да се вози трка во Модрица една од девојките и кажала дека ќе и стават рицинус во белото кафе за да изгуби. Јас седнав до нив – ме убедуваа дека кафето е фантастично и тие ме частат. Таман да се напијам ме вика пријателот – догворени бевме. И кафето не го испив. Се туткаа се вртеа и јас на крајот пак победив. Од 8 жени кои се тркаа јас убедливо бев прва. Гласно извикав  “Дај Сега шампањ да пиеме заедно, но без рицинус, те молам. “- се сеќава Ружица.

Таа била повикана да биде тест-возач во БМВ, едно време возела цистерна во Ирак. На последната трка во Бугарија во 1997 година. Година отишла да се трка со старо Југо 45 – беше убедливо најлош автомобил од сите таму. Ми пријде богат човек, кој имаше две ќерки кои се тркаа и ми вели “Види каков автомобил возиш, дај да ти дадам пари да си купиш добар, а ти пушти ги ќерките да победат.”  Ружица на тоа само му одговорила ,, не е важно да се има, туку да се умее,,  и победила и на таа трка со ,,дртавото,, југо

Рикверц – единствен проблем

Ружица досега сменила 31 автомобил, прво имала моторот “томос” па на 20 години и купиле “веспа” откако добила запаление на белите дробови и купиле  “фиќо”.  Првото рели го возела со 25 години. Но малкумина знаат дека Ружица неможела да вози во рикверц.

Со години воопшто незнаев да возам во рикверц – брука жива беше тоа. Со текот на времето малку поднаучив, но и ден денес рикверцот ми е смрт – признава Ружица. Сепак со или без рикверц беше страв и трепет на секоја трка каде ќе се појавеше. Ако се случеше да не победам или ме зезнал кршот автомобил или ме мрзело да возам – самоуверена вели Ружица.

По кариера на рели возач отворила авто школа “Летечката Новосаѓанка,, преку која минале околу 1.500 студенти, повеќе жени . Во моментов возат “Opel” модел Корса горда е што во животот нема гребнато ниту еден автомобил.

Tags: , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1