Метеорологот останал крајно присебен.
Мачката со својот опаш поминала пред мапата од јужна Флорида, па се прошетала околу Мексиканскиот залив, и покрај ногата од окупираниот репортер.
Како вистински професионалец, главниот метеоролог Едуардо Родригез останал смирен, како да не ја ни забележува мачката која се „вкотви“ на Бахамите.
Ова не е прв пат студиото да има проблем со овие домашни миленици.
– Неколку мачиња го окупираа нашиот паркинг и од него си направија сопствен дом, па понекогаш се случува некои од нив наприметено да се прошетаат во студиото, признале вработените.