Мајка од Њу Џерси ќе тужи откако нејзиното видео како го дои бебето се појавил во порно клип


Жена од Њу Џерси мислејќи дека придонесува за едукација на жените кои што треба да ги дојат своите деца, снимила видео со нејзината новородена ќерка, видео кое што некој го искористил како порнографски материјал, кој што бил споделен со илјадници корисници на јутјуб и останати социјални мрежи.


Мериен Сахору (35) е загрижена дека ваквата поврзаност со Интернет порнографијата, нејзината ќерка ќе ја прогонува до крајот на нејзиниот живот.

„А.С. уште нема наполнето две години, а може да се соочи со катастрофални за нејзе последици, особено за време на нејзиното образование. Ова може да ја повреди во периодот кој што доаѓа за нејзе, затоа што видео материјалите кои што се појавиле на интернет нема да можат целосно да бидат избришени“, пишува во тужбата која е поднесена до Американскиот суд против Мередитх корпорацијата која што го снимила филмот.
Мајката ја тужела корпорацијата за измама и негрижа за видеото, кое што според корпорацијата било украдено од нивнот вебсајт.

Во изјавата дадена минатата недела, федералниот судија рекол дека ваквата тужба е основана и може да се оди и понатаму со обвинувањата и покрај тоа што аргументите на обвинетата страна се дека мајката дала согласност, нејзиното име и името на ќерката да бидат користени во направената снимка. Сахору дала согласност за снимање без притоа да земе некаков надомест, со цел дека ќе може на тој начин да им помогне на голем број на мајки кои што за прв пат ќе имаат бебе. На снимката таа се гледа како ја дои својата ќеркичка и одговара на неколку прашања.
Снимката која што се нашла на порнографскиот сајт ја пронашол поранешен вработен во компанијата, кој што случајно пишувајќи го нејзиното име на Гугл, го пронашол видеото со нејзе и нејзината ќерка, а до истото, глумела порно глумица, која изгледала многу слично на Мериен.

video platformvideo managementvideo solutionsvideo player

Share Button

Tags: , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1