САД: Хезболах може да ја нападне Европа во секој момент


 САД предупредупредува дека либанско – шиитско движење Хезболах, може да изврши напад  во Европа или на друго место во светот, во секој момент.

„Според наша проценка, Хезболах може да изврши напади во Европа или на друго место во секој момент … без предупредување. Хезболах и Иран ќе поттикнуват интензивни терористички активности во блиска иднина. Движењето Хезболах на чело со шеикот Хасан Насралах, кој е главна сила во либанската влада и тесно поврзан со Иран, веќе почнаа да ја зајакнуваат терористичката кампања во светот “, изјави Даниел Бенџамин, координатор во Стејт департментот, во врска со борбата против тероризмот.

Според него, Хезболах, исто така е заинтересиран да врши терористички напади во Тајланд, каде што претходно, оваа година, беше спречен напад.

Бенџамин  изјави дека не располага со информации за планирани операции на американска територија.

Хезболах фигурира на листата на САД и Израел како една од најопасните терористички организации, но не влезе на листат на Европската  Унија (ЕУ).

Tags: , , , ,

Ивана Терзиевска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1