Мајкл Фелпс ќе ги изгуби медалите поради рекламирање на Луј Витон?


Фотографиите во кои Фелпс позира за кампањата на Луј Витон се појавија на Твитер на 13 август, што е доволна причина на Американскиот пливач да му бидат одземени четирите златни и двете сребрени медали кои ги освои на олимпијадата во Лондон.



Само беше прашање на време кога Мајкл Фелпс ќе почне да се занимава и со мода. Сепак, од Луј Витон го заборавиле правилото број 40 на Меѓународниот олимписки комитет според кое ни еден натпреварувач не смее да учествуваат во не-олимписки маркетинг за време на олимписките игри, односно од 18 јули до 15 август.

Фотографиите во кои Фелпс позира за кампањата на Луј Витон се појавија на Твитер на 13 август, што е доволна причина на Американскиот пливач да му бидат одземени четирите златни и двете сребрени медали кои ги освои на олимпијадата во Лондон.

Француската модна куќа изјави дека двете фотографии, направени од познатата фотографка Ени Лајбовиц биле неофицијални и биле украдени од компанијата, а во меѓувреме и менаџерскиот тим на Фелпс, исто така го негирал официјалното објавување на фотографиите.

Долгогодишниот агент на Мајкл Фелпс, Питер Карлисли отфрли какво прекршување на правилото 40 од страна на пливачот бидејќи тој не дал авторизација за објавување на фотографиите кои веќе ги има на неколку интернет страни. Без разлика на исходот, ѕвездата го следи примерот на Шон Конери, Кетрин Денев, па дури и Михаил Гобачов кои позираа за познатиот француски бренд.

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1