Македонците го преплавија албанското море


 

Автор – Реџеп Ќамили /

Од година во година албанското море станува се побарано за македонските граѓани. На самиот старт од оваа летна сезона, албанското крајбрежје е буквално преполно со македонски туристи.

Како што јавуваат  албанските медиуми, најбарани дестинации за македонските туристи се Драч, Валона и Саранда.

Поволните и ниски цени на хотелските аранжмани, сместувањето, храната и добрата услуга  се она што го прават источниот сосед Албанија годинава поатрактивен за македонците. Најголемиот број македонски туристи се од Скопје Тетово Струга, Преспа и Гостивар.

Но освен ова Албанија станува ветена земја за летните одмори и за другите земји во регионот. Зголемен  број на туристи годинава има и од Србија, Црна Гора Италија и Турција, пишуваат албанските медиуми.

Според последните информации на 4 гранични премини во Албанија во текот на неделава влез направиле вкупно 5700 лица и 17 илјади автомобили. Како што јавува албанското МВР засега нема преголем застој и редици на граничните премини, бидејќи речиси на сите премини работат со полн капацитет, односно функционали се по 4 шалтери.  Додека  во портата на Драч во теков на овие 5 дена впловија 4 брода со вкупно 2500 патиници и 800 автомобили.

Албанското крајбрежје интезивно се гради, а забрзано се работи и на патната структура које во минатото беше најголема пречка за туристите. Албанија се надева дека со ниските цени и добрата инфраструктура ќе стане топ 1 дестинација за туристите од овој дел на Европа, но и од светот.

-За mkd-news

-од Тирана

– Реџеп Ќамили

Share Button

Tags: , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1