Македонец – Прв на Балканот лечи ДИСКУС ХЕРНИЈА без операција


Редовниот професор, д-р специјалист за физиотерапија и хиропрактика, Ангел Џамбазовски кој е со прилепско потекло, а живее и работи во Скопје, ја облече одората за титулата Академик на Бугарската академија за наука и искуство.

Покрај тоа што е шеф на институтот за кинезиолошка антропологија на Скопскиот Универзитет Св. Кирил и Методиј” професорот работи и во Центарот за интензивна рехабилитација во кој успешно се решаваат за кратко време сите видови изместувања на зглобовите на екстремитетите и р’бетот, трауматолошки повреди на лигаментите и меките ткива, ситуации после операции, фрактури, укочени зглобови, парези, дискусхернии, лумбалгии, спондилози, дегенеративни реуматични заболувања, р`бетни деформации, остеопорози, главоболки, вегетативни пречки, хроничен замор, различни форми на периартритиси, дегенеративни заболувања од реуматична природа, целулитис, болки во пределот на градниот кош, р’бетот, хемороиди, естетско обликување на тело, замор, претренираност, совети за спорт, исхрана и друго.

Центарот за интензивна физиотерапија уште е познат како центар за сколиози, располага со најсовремени комбинации на физиотерапеутски и хиропрактични комбинации, методи и постапки за брзо постигнување на високи лечителни ефекти, обично за 3-6 третмани или денови за сите погоре спомнати пречки-болести. Располага со иновации во физиотерапеутските постапки, особено за сите видови деформации на скелетот, за кои професорот Џамбазовски е прогласен за светски стручњак по Кембриџ, за Доктор Хонорис Кауза по ВТУ, за почесен Ректор, за хуманист, алтроист и.т.н. Има напишано преку 200 труда и 10 книги. Прв ја напишал кинезиолошка медицина во свет и прв зборува за естетска и ортопедска кинезиологија. 17 години работи низ Европски центри, а специјализација завршил во Швајцарија.

 

Со лекувањето на дискус хернијата без оперативен зафат, ја заокружил постапката за стекнување на титулата академик, која траела три до пет години. Од Скопје во светот промовираме нова метода за ослободување на луѓето од болки без оперативен зафат, кој инаку е многу трауматичен, комплициран и скап. Ако за хируршка интервенција се потребни 2-3 илјади евра, за спас по физикален пат потребни се 200-300 евра.

Повеќе прочитајте на следниот линк – Babinlek.com 

 

 

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1