Според светската листа на одлив на мозоци Македонија е една од земјите со најголем процент на високообразувани кадри кои си заминуваат.
Се наоѓаме на на 133 место. Листата е рангирана обратно. Односно последната земја е земја со најмногу одлив.
Листата е според процентот на заминување на студенти и високообразувани кадри во странство. Во Извештајот за компетитивност на Светскиот економски форум (WEF) се рангирани вкупно 144 земји при што последното место е на онаа држава со најголем одлив на кадри, а Македонија е на 133 место.
повеќе одлив на мозоци од нас имаат Србија која е на 139 место и Босна и Херцеговина, која е на 140 место. Зад БиХ се Бурунди, Хаити и Алжир.
Пред Македонија се Црна Гора на 60 место, Словенија на 83 место, Албанија на 96 место, Бугарија на 127 место, Хрватска на 128 место и Романија на 131 место.
Извор – Факултети.мк