Македонското бебе во Австралија Стела се роди на 22 недели и преживеа


Малата Стела е бебе чудо – и тоа македонско чудо во Австралија кое ги остави зачудени дури и лекарите. Стела се роди предвреме на само 22 недели и 5 дена бременост, но малата и силна македонка успеа да преживее.

Малата Стела се родила со само 40 мл крв и морале да и дадат осум трансфузии од донатори кои несебично ја дале својата крв за да се спаси малата Стела. Лекарите дури и ги предупредиле родителите Роберт и Тереза Милошески од западен Лидервил на најлошото , пишува порталот Мкд.мк.

Таа е родена на 19 март во меморијалната болница Крал Едвард во Перт, Австралија, и беше тешка само 440 грама, што е исто така едно од најмалите бебиња што на таа тежина и возраст преживеале во болницата.

Досега преживеало само бебе родено на бременост од само 21 недела и 5 дена. Карен Симер, директорка на тимот од болницата, изјавила дека Стела е исклучок од правилото за бебиња родени толку предвреме.

Стела се изборила за својот живот и за една недела веќе ќе биде дома, пишува весникот Пертнау, пренесува Мкд.мк.

„Јас сум им многу благодарна на сите од болницата. Тие ѝ ја дадоа шансата на Стела да преживее“, изјавила Тереза Милошески.

Share Button

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1