Стоп за камиони – нема возење камиони низ град летово


Стартува проектот за забрана за движење на тешки товарни возила низ централното градско подрачје. Ќе има времен режим на сообраќај, камиони над 15 тона во летниот период не смеат да возат низ градот од 9 до 21 часот и тоа од 1 август до 1 септември годинава.

Причината е поради тоа што високите температури и тежината на ваквите возила го оштетува асфалтот.

Ќе бидат поставени и знаци за забрана, а МВР ќе контролира и казнува. Казната за непочитување на забраната е 25 евра.

Од забраната се изземени оние камиони коишто работат на градењето на сообраќајниците во Скопје, тие ќе имаат соодветни дозволи од Град Скопје.

Од забраната се изземени и камионите кои превезуваат лесно расипливи продукти, жива стока, комуналните возила и возилата на јавен градски превоз.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1