На 31 јули полицијата во Макарска уапсила 56 годишен Македонец.
Тој подолго време поставувал камери на банкоматите, така им ги снимал пин-кодовите на оние што ваделе пари. Македонецот потоа правел лажни кредитни картички со кои подигнувал пари во Танзанија, Кенија, Мозамбик или во САД.
На вработените им биле чудни овие места од каде се подигнувале пари од картички на хрватски државјани и го пријавиле случајот.
Полицијата го нашала и уапсила само македонецот, но се смета дека е дел од организирана банда, бидејќи кај него е пронајдена целосна апаратура за крадење пинови и изработка на лажни картички.