Македонците слават Илинден – 109 години од Крушевската Република и Илинденското востание


Македонците денеска го слават Илинден, 109 години од Илинденско востание,  и почетокот на Крушевската Република .

Свети Илија е и еден од најголемите верски празници кои Македонците воопшто ги празнуваат, но има и огромно значење за независноста на нашиот народ,  за борбата против турското ропство и за содавањето на првата македонска република за време на окупацијата во 1903 година.

По долги подготовки за отпочнување на Илинденското востание, конечно по многучасовни борби со турскиот аскер, македонската војска успева да се избори и да го ослободи Крушево на 2 август 1903 година, и да ја создаде правата македонска република која, за жал , ќе трае само 10 дена.

На чело на Крушевската република застанува револуционерот Никола Карев. Највисок огрган на цивилната власт бил Советот на месната револуциенерна власт. Советот имал и Привремена управа  (влада) од шест члена, на чело со Вангел Дину кој бил одговорен за судството, Ѓорѓи Чача одговорен за реквизитите и оружјето,  Теохар Нешков – одговорен за финансиите, Христо Ќуркчиев  -градоначалник и одговорен за редот и за безбедноста,  Димитар Секулов – одговорен за прехрана и Никола Баљу – одговорен за здравствено-санитарните работи.

Владата (управата) била задолжена да собира данок од граѓаните, да врши реквизиција за исхрана на востаниците и на населението во градот и во околијата, да врши реквизиција на материјали за облека и обувки за востаниците, да врши мобилизација на граѓаните, да собира оружје и муниција, да се грижи за ранетите и за болните востаници и граѓани, да го одржува редот и мирот во градот и да исполнува судска власт.

Со декларацијата позната како Крушевски манифест, било повикано муслиманското население од околните села да остане мирно за никој да не биде повреден.

Како и секоја година, и денеска главната церемонија ќе се одржува во Крушево.

Покрај богатата културно-уметничка програма, ќе биде положено свежо цвеќе на гробот на првиот македонски претседател Никола Карев и на Мечкин Камен, каде животот го загуби војводата Питу Гули. Покровител на манифестацијата, како и секоја година е Претседателот на Република Мекдонија.

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1