Малолетно момче силувано во Кочани


Петнаесет годишно дете од Кочани е жртва на силување што го извршил неговиот сосед. Откако претходно го повикал да му продаде мобилен телефон ја затворил вратата, му ги турнал панталоните и го извршил грозоморниот чин.

 Момчето кај соседот било заедно со својот другар кој успеал да се спротивстави, да ја отклучи вратата по што заедно успеале да избегаат.

 Штипската полиција за стореното дело ќе поднесе соодветна кривична пријава против педесет и едно годишниот К.А. од кочани за полов напад врз малолетник.

Случајот е пријавен на 17.07.2012 година во ПС-Кочани од страна на мајката на К.А. кој веднаш потоа е пријавен за исчезнат по што е распишана потрага и истиот во моментот е недостапен за службата.

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1