Маж се здобил со „фрактура“ на пенисот откако испил апче за ерекција


Дваесет и девет годишен маж го тужи производителот на додатокот за подобрување на сексуалната активност тврдејќи дека тој му предизвикал „фрактура“ на пенисот во застрашувачки инцидент кој се случил во еден мотел минатата година.

Додека Адриан Картер од Тексас ги обвинува овие додатоци во исхраната, тројца уролози за Еј Би Си Њус.ком потврдиле дека пенилните фрактури најчесто се резултат на груб секс.

Адријан Картер вели дека зел VirilisPro во раните утрински часови кај бензиската станица Шеврон, на патот за Скотиш Инн каде имал секс.

Подоцна додека траел актот тој почувствувал силна болка и забележал поголема количина крв која се распрснувала на чаршафите, ѕидот и огледалото.

Докторите од итната служба морале да го „гипсираат“ пенисот на Картер нагласувајќи му дека нема да може да има секс и деца во иднина.

– Беше застрашувачка глетка. Знам дека звучи невообичаено…тој е млад и здрав и не земал никакви други лекови додека ги користел овие додатоци, изјавила адвокатката на Картер, Мелиса Мур за тамошните медиуми.

На страната на компанијата која ги произведува овие додатоци стои запишано дека VirilisPro се направени од природни состојки со цел да се избегнат несаканите ефекти.

Еј Би Си Њус наведуваат дека не биле во можност да добијат коментар од компанијата.

Картер бара покривање на медицинските трошоци и паричен надоместок за штетата

Share Button

Tags: , , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1