“Дивите копачи бараат злато, накит, вредни предмети, но не обрнуваат внимание дека го уништуваат културното богатство на овој со закон заштитен комплекс,,
Северно, на нецел километар над денешниот лешочки манастир “Свети Атанасиј”, среде габрова и дабова шума, на шарпланинска падинка се наоѓа еден речиси целосно разурнат манастирски комплекс, посветен на светецот Атанасиј. Според поновите истражувања на археологот Петар Миљковиќ-Пепек, овој верски објект е граден меѓу 1321 до 1331 година. Лешочани го нарекуваат и стар манастир, бидејќи е претходник на денешниот “Свети Атанасиј” во Лешок.
Во последно време раширен е митот дека во старата манастирска црква Св. Атанасиј се наоѓа закопано богатство “Дивите копачи бараат злато, накит, вредни предмети, но не обрнуваат внимание дека го уништуваат културното богатство на овој со закон заштитен комплекс,,
Три месеци казна за дивите копачи
Петмина тетовци, диви копачи, беа фатени на дело во 2008, со метален детектор со сонда, со ултравиолетова ламба и со алат за копање, во дворот на стариот манастир “Свети Атанасиј”.
Во овој прв и засега единствен ваков судски процес во Тетовскиот суд, иако не нашле ништо вредно, им беа изречени казни од по само три месеци затвор, а двајца беа осудени да платат по илјада евра. Петтемина не одговараа за оштетување или за уништување на културно наследство, иако манастирот како комплекс во целина е под заштита на законот од страна на државата. Петтемина осудени признаа дека копале на црковно место, но не се чувствуваа виновни, бидејќи тврдеа дека не ги оштетиле заштитените објекти.
Сите петмина на 24 февруари 2007 година, во стариот манастир „Св. Атанасиј“ над селото Лешок полицијата ги затекнала на самото место како во дворот вршат прекопување. Во близина на дупката, полицијата пронашла и најлонска кеса со делови од череп, долна вилица со заби на човек, коски од непознато потекло и делови од керамика.
Факти
Кога околу црквата Јоаникие изградил ќелии за монасите, тогаш се формирал манастирскиот комплекс. Во него се пронајдени три епископски саркофази, еден осамен гроб и уште две други гробници што укажуваат дека во овој комплекс се водел богат, активен монашки живот.
Стариот манастир “Свети Атанасиј” опстојувал, без голем пречки, до средината или до крајот на 17 век. По овој период, престојот на монасите станал несигурен поради многуте арамиски зулуми. Затоа тие и го напуштале манастирот.
Во годините што следувале месното население секогаш доаѓало за црковно-народниот празник Атанасовден да запали свеќи и да се помоли за здравје на урнатините од храмот. Во 1927 година рускиот монах Теодорит, ги раскопал остатоците на стариот манастир – „Свети Атанасиј“ од земјените наслојки.
Но надворешните sидови се оставени до ден-денешен, на еден метар во земјата. Според Груиќ „Побожното поклоништво кон светоста, но и разните сказни за закопано богатство во урнатините, бил мотивот што го навел Теодорит да ги извади остатоците од храмот од пазувите на земјата“, и за тоа тој направил обемнен извештај за тоа што се било пронајдено при тогашните раскопувања на локалитетот.
Во внатрешноста на црквата бил пронајден мермерен иконостас во целост, од пет столба, со капители со извајани човечки и животински глави и хоризонтална греда. Биле откриени и архијерејскиот трон и чесната трпеза, направени од мермер или од оникс. Подот бил од правоаголни плочи, изделкани од тој материјал, со sвезда под кубето на Христос Седржителот.
Приказните за наводно богатство околу овој манастир продолжиле да се шират и во денешни дни, поради што тој не еднаш бил цел на вандалски копања и на доуништувања од диви копачи на археолошките локации.
Дивите копачи барале злато, накит, вредни предмети, и не обрнувале внимание на фактот дека нема ништо од тоа во ваквите манастирски светилишта, каде што живеело монашко братство.
Единственото богатство на монасите од овој стар манастир била нивната духовност. Според експертите од Музејот на Македонија, дивите копачи во повеќе наврати го имале уништувано овој верски објект, кој е уникатен по тоа што е прв сакрален објект во Македонија, во кој се применети елементите на романичката пластика.
Богатството што се наоѓа во црквата всушност е само неговата архитектонска конструкција со приморско-дубровнички и византиско-старомакедонски елементи при градбата.
Во Македонија има само неколку манастири како овој со розета: старомакедонскиот симбол – 16-кракото сонце, вградено во него. Но, археолошката мафија во изминативе години успеала да ги искорне и плочите со изгравираното 16-крако сонце, кои се наоѓаа на подот, точно во средината на манастирот. На тоа место сега зјае само земја
wikipеdia