Александар Шундиќ од Белград кој ја уби својата девојка, откако прво на социјалната мрежа Фејсбук и остави песна во изведба на Тоше, денеска се обиде да се самоубие. Денеска кога бил одведен во кривичниот суд во Србија, тој скокнал од втор спрат во обид да се самоубие.
Момчето било веднаш со брза помош пренесено во Ургентниот центар во Белград и засега е на интензивна нега и не се знае дали ќе преживее.
Инаку, тој во присуство на адвокат призна дека од љубомора ја задавил својата девојка.
23-годишниот Србин поради љубомора вчера ја уби својата девојка, а пред тоа ја остави песната Бацила је све низ ријеку од Индекси, во изведба на нашата најголема македонска музичка ѕвезда, Тоше Проески.