Момче од германскиот град Виндек во федералната покраина Северна Рајна бил принуден да повика полиција кога на врата за време на роденденската забава му тропнале ни помалку ни повеќе туку 300 гости.
Сепак, за ваквата ситуација, 22 годишното момче само е виновно бидејќи на својот фејсбук профил напишал покана но не ја ставил во приватна група, па затоа на роденден му дешле неколку стотини гости.
Ова не е прва роденденска забава во Германија со вакво сценарио, бидејќи корисниците на најразлични друштвени мрежи често организираат такви акции.
Најпознат е случајот што се случи минатата година кога во слични околности на роденденска прослава на една 16 годишна девојка од Хамбург дошле 1500 гости, а околи сто полицајци моале да ја опколат куќата и да ги растераат присутните.