Му пукал во гради на полицаец – среќа куршумот се заглавил во цевката


Полицијата во Србија вчера забележала сомнително момче на улицата Војвоѓанска и се обидела да го легитимира, но момчето веднаш почнало да бега. Полицаецот се обидел да го стаса, а момчето извадило шкорпион и пукало во градите на полицаецот.

За среќа куршумот се заглавил во цевката. Момчето потоа со кундак од пиштол го удрило полицаецот неколкупати во главата и му нанел тешки телесни повреди.

Останатите полицајци брзо интервенирале и го фатиле лицето. Повредениот полицаец бил итно пренесен во болница. Кај момчето е најден шкорпионот со заглавен куршум во цевката и уште еден пиштол во кој имало 5 куршуми. Приведен е и притворен.

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1