Најбројни гости на фестивалот Егзит во Нови Сад се млади британци и холанѓани.
Но според портпаролката на фестивалот Милијана Вучковиќ, оваа година за прв пат има гости и од Русија, Шпанија, Рoмaнија, Белгија.
Најголемиот дел од нив се сместени токму во Егзит селото каде има забава, храна, медицинска помош, банкомат, менувачница, дури и преставништва на неколку амбасади.
Откако Егзит беше прогласен за еден од најдобрите фестивали во Европа доаѓаат и гости од Америка, Австралија и Канада.
1600 млади од цела Европа волонтираат на фестивалот.
Кампот е отворен од 9 до 16 јули и се очекува во него да престојуваат 4000 млади. На фестивалот ќе настапат 400 изведувачи, а за да пристигнат што поголем број луѓе воведени се и вонредни возови на релација Нови Сад – Београд.