„Надуван“ крадец украл комбе и доставувал храна


45 годишен Американец Кит Хартфорд украл комбе за достава на храна, и притоа ги доставил сите порачки.

Доставувачот на храна го паркирал своето комбе за време на една испорака, а кит тогаш успеал да му го укради возилото и побегнал. Кога крадецот бил пријавен во полиција, ресторанот ги побарал муштериите кои таа вечер нарачале храна за да ги известат дека доставата нема да се случи. Меѓутоа едно момче збунето рекло дека него штотуку му била доставена нарачката. Управникот на ресторанот веднаш потоа дознал дека крадецот ја доставил храната уште на неколку муштерии, и дека истото го направил уредно и уредно им наплатил, а прифаќал и „бакшиш“.

Крадецот сепак не застанал тука, туку продолжил да работи како доставувач, па бил уапсен на следната адреса кога испорачувал храна при што полицијата кај Хајндс пронашла кесичка марихуана. Сега тој е обвинет за кражба и за поседување на марихуана.

 

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1