Најомразената жена во Белгија на условна казна


Белгиски суд донесе одлука за условна казна и пуштање на слобода на Мишел Мартин, поранешна сопруга на педофилот и сериски убијец  Дутрукс Марк, која му помагала во извршување на злосторствата.

Касациониот Суд, највисокиот суд во Белгија ги отфрли двете жалби, едната граѓанска и едната од државниот обвинител, на одлуката на понискиот суд во Монс, кој на 31 јули пресуди дека Мишел Мартин може, под одредени околности, да го напушти затворот, каде што помина  16 од 30 години на колку што беше осудена за соучество во криминалот со нејзиниот поранешен сопруг кој е осуден на доживотна казна затвор.

Можноста за ослободување на  „најомразената жена во Белгија“  цело лето беше главна тема во  локалните медиуми. Најавата за нејзино ослободување предизвика бурни реакции и меѓу политичарите. Мишел беше осудена за помагање на нејзиниот сопруг кој е осуден за киднапирање и сексуално малтретирање на шест девојчиња и девојки на возраст од 8 до 19 години од кои 4 убил.

Злосторствата се случиле во 1995 и 1996 година. Марк Дутрукс бил уапсен во 1996 година, а неговото презиме е толку многу озлогласено во Белгија што за две години од злосторството третина од носителите на тоа презиме побарале да го сменат.

Мишел Мартин, поранешна учителка, по ослободувањето од затворот во Брисел треба да се смести во манастирот за сиромашните Клерс во Малоне. Во манастирот живеат десетина калуѓерки. Мишел Мартин нема да стане монахиња, и нема да има контакт со надворешниот свет.Кога ќе се смести таму, манастирот ќе добие силен полициски надзор.

Tags: , , , , ,

Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1