Професорите од Британскиот кралски институт тврдат дека положбата на страниците на ридот не е 45 степени, како што тврди Османгиќ, туку 26. Материјалот што ги врзува карпите не е цемент, како што уверува Османгиќ, туку мек вар.
Падна во вода тврдењето на Семиќ Османгиќ дека во Висок, Босна се наоѓаат пирамиди. Неговата истрага не води никаде, тврди тв каналот „national geographic“ кој на оваа тема посвети 30 минутна емисија, откако во Висок пристигнал италијанскиот професор Паоло Де Бартолис со својот десетчлен тим и потврдил дека пирамидите се вештачка, а не природна структурна творба.
Овој антрополог мерел ултразвучни и електромагнетни феномени.
Босанската пирамида на Сонцето е различна во однос на природните ридови и природните пирамидални ридови. Единствено таа произведува правилни ултразвучни бранови. Меревме ултразвук во Италија, Хрватска, но вакви резултати забележавме само на пирамидата на Сонцето во Босна, вели Де Бартолис.
Истражувањето на британските експерти пак како одговор на тврдењето на италијанскиот тим, покажува сосема поинаков резултат, станува збор за измислици велат британците.
Професорите од Британскиот кралски институт тврдат дека положбата на страниците на ридот не е 45 степени, како што тврди Османгиќ, туку 26. Материјалот што ги врзува карпите не е цемент, како што уверува Османгиќ, туку мек вар.
Ова требаше значително да ја промени историјата, но и економските насоки на Босна, но доколку се точни тврдењата на британците, се ќе си биде по старо.