Не ги апсете бајачките ни требаат!!! – позагрижени се за нашето здравје од некои лекари !!!!!!!


Не ги ,,кудете,, бајачките и гатачките дека скапо наплаќале – скапо не чини и здравството – го плаќаме секој месец, иако не го користиме секој месец – а кога ќе ни притреба за зорт аман – помош немаааааа

 

Ако тропнеш кај бајачка вратата ширум ќе ти ја отвори и ако ништо друго барем ќе ти глуми до небо колку е загрижена за твоето здравје. Ништо чудно па ако е некоја приучена со бабини лекови и тревки и да ти помогне (ако не се работи за нешто посериозно). Е сега ќе ти ги земе парите, ама барем ќе те третира човечки !!!!!!!!!

Не ги ,,кудете,, бајачките и гатачките дека скапо наплаќале – скапо не чини и здравството – го плаќаме секој месец, иако не го користиме секој месец – а кога ќе ни притреба за зорт аман – помош немаааааа

Ова апропо последниот случај кога човек си почина пред вратата на поликлиниката во Ѓорче Петров, а како што објави Канал 5, никој од лекарите, кои ние ги плаќаме од наши пари !!!! НЕ ИЗЛЕГОЛ ДА МУ ДАДЕ ПРВА ПОМОШ НА ЧОВЕКОТ ??????????

Сепак ја немаме чуено втората страна – формирана е комисија која ќе го испитува случајот, по што ќе се утврди дали навистина се работи за лекарска негрижа или пак лекарката не ни знаела за случајот надвор или неможела навистина да излезе. Тоа ќе го покаже истрагата на комисијата.

Докторката која била дежурна за Канал 5 изјавила ,, била зафатена, имала премногу пациенти и не смеела да го напушти кругот на поликлиниката тоа било законско правило. Изгледа ние пациентите терминот ,,ИТЕН СЛУЧАЈ,, го разбираме поинаку од некои лекари????????

Доколку навистина изјавите на очевидците и Канал 5 се точни – дека дежурната лекарка одбила да излезе тогаш навистина да се запраша човек каде отиде човечката хуманост и грижа.

Па добро – животинче да видиш на улица, човечки е да застанеш да му помогнеш, а камо ли човек – а камо ли да си лекар.

ЗА ЛЕКАРИТЕ ЧОВЕЧКИОТ ЖИВОТ ТРЕБА ДА Е ПРЕД СЕ – НЕ ЗАКОН, НЕ ПРАВИЛА НА РАБОТА, НЕ КАНЦЕЛАРИЈА – ОВА Е УСТАВОТ ЗА НИВ.

Еве и да неможело да му се помогне на човекот, еве и да било предоцна, па човечки е да му дадеш утеха при последниот здив. Да почуствува дека некој се обидува да му помогне. А вака ?? вака човекот си почина сам, на тротоар, без човечка рака, без никаква утеха ( а очевидци велеле дека кутриот трчал за да стигне кога почуствувал болка) оххххх бе – каде да стаса ???? трчал човекот по помош но изгледа на погрешна врата.

Овде има две солуции – и секако и двете се возможни –

Прво – однос – лекари кои мислат дека се Бог ако имаат бел мантил

Не е тешко да се замисли ситуација како лекарите всушност натмено се однесувале и со дрзок тон им кажале на случајните минувачи кои дошле да ги повикаат – дека се господата зафатени !!!! – ова е честа слика кај некои лекари кои мислат дека ако облекле бел мантил го фатиле господ за … (да ми извините), па пациентите ги третираат од високо, како потчинети, треба да ги молиме за да не погледнат. Секоја чест на исклучоците и прекрасните доктори кои си ја сакаат професијата  – а не се малку. И за нив оние кои не се однесуваат според хипокритовата заклетва се срам и проблем. Го рушат угледот на оваа благородна професија.

Второ – ,,правила правила да би ме удавила,,

На докторите им наметнаа милион правила, папирологија, па прават се, само немаат време да лечат од пополнување хартивчиња и бркање бројка на доволно пациенти за плата. Ги казнуваат за се и сешто, ги третираат како ученичиња, само им наметнуваат нови правила и закони ( ништо чудно лекаркава во случајот да е изгорена претходно, да ја казниле за непочитување на некое правило), па слепо ги почитува пишаните правила. Ни во тој случај нема оправдување за односот на лекарката – но барем би се подразбрала нејзината ситуација.

На крајот излегува работава – џабе плаќаш здравствено осигурување додека си здрав, ако кога најмногу ти треба никаде го нема??? – ти пред последниот здив, а оној на кому му даваш плата цел работен век ти каже ,, не смеам да го напуштам кругот на болницата,, ?????

Не е само овој пример – овој е последен. Многу се примери каде книшката или плавото картонче биле поважни од човечки живот.

Точно не се сите лекари за осуда секако – НО НЕКОИ СЕ !!!!!!!!!!!

Tags: , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1