На снимката на камерата која била стационирана на капсулата на Феликс снимен е објект кој прелетува накај земјата.
Изгледа да не му било интересно само на целиот свет како Феликс Баумгартер се качува на 39.000 метри и го пробива звучниот ѕид во слободен пад. Имено на снимката од камерата поставена на капсулата снимен е објект кои стои и потоа прелетува накај земјата.
Од снимката тешко е да се заклучи за каков објект станува збор, најверојатно, сметаат научниците кои ја анализирале снимката се работи за метеор или парче лед. Но ова ,,научно,, објаснување не е доволно за некои па на интернет се појавија со молскавична брзина теории и тврдења дека вонземјани дошле да видат што ќе направи Феликс.
Други пак велат дека тоа бил ,, благослов одозбора,, односно божја работа и го поврзуваат со иконата која Феликс ја имал во џебот од специјалното одело.
некои сметаат дека токму ,,некоја сила,, му дала знак на Феликс да скокне дека се ќе биде во ред, бидејќи наводно објектот тргнал кон земјата секунда пред и Феликс да скокне.
НЛО, Божја рака, Лед, Метеор – што ли е? Погледнете сами