Обновено: Околу Владата нема струја – се запалил трансформатор


Зградите околу владата беа во мрак повеќе од еден час. Немаше струја целиот потег од Илинденска до  улицата Наум Наумовски Борче. Без струја беше и Владата, но таа има сопствени генератори.

Според последните информации екипите на ЕВН успеале да направат премостување со што жителите добиле струја, а се работи на санирање на дефектот на опожарената трафостаница.

Инаку според информациите кои ги добивме од дежурниот телефон на  ЕВН, станувало збор за опожарена трафостаница поради која повеќе од еден час без струја биле колективните згради во околината на зградата на владата. Според информациите без струја беа делови од Илинденска, улицата Коста Абрашевиќ, Наум Наумовски Борче, Орце Николов, Ленинова, Крсте Веселинов.

Според информациите опожарената трафостаница се наоѓа на улицата Орце Николов.

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1