Ова се најпаметните луѓе во светот!


Многумина сметаат дека паметот и интелегенцијата се синоними. Меѓутоа интелегенцијата е способност на брзо и ефективно снаоѓање во нова и непозната ситуација. Таа може да се измери преку тестови на интелегенција.


Многума на планетава себеси си се сметаат за паметни, но за разлика од долеспоменатите, немаат потврда за тоа.
Запознајте ѓи најпаметните луѓе на денешницата.

1. Теренс Тао (37) IQ 230, тврди дека за неговата интелегенција се заслужни јунаците од улицата Сесаме, кои ги гледал како дете. Уште на само две години ѓи знаел сите математички операции. Дипломата за математика на престижниот Принстон ја добил на 20 години.

2. Кристофер Хирата (30) IQ 225, чудо од дете, на 14 години се запишал во Колеч, а веќе на 16 години започнал да работи за НАСА. Сеуште не наполнил 23 години, а станал горд сопственик на диплома за астрофизика. Хират е најмладиот Американец кој на возраст од 13 години беше добитник на златен медал во натпреварот по физика.


3. Ким Унг Јунг (50) IQ 210, чудо од дете, Кореец со најголем IQ на светот. Како дете за неполн месец можел да научи странски јазик. На пет години на националната телевизија решавал комплицирани диференцијали и интегрални равенки.

Како тинејџер работел во НАСА, а по враќањето во Кореја се одлучил да студира градежништво, за кое што има и докторирано.

4. Ричард Роснер (52) IQ 192 израснал во Колорадо, каде што завршил основна школа и факултет. И покрај тоа што остварил исклучително висок просек на IQ тестот, Рик е се само не класичен генијалец.

Работел како стриптизер, конобар, обезбедување во ноќни клубови и модел. Во моментов работи како телевизиски писател, и е значајна медиумска фигура.

5. Гари Каспаров (49) IQ 190, најдобриот шахист на светот. Се кандидирал и за претседател, но, подоцна ја повлекол кандидатурата. 2005 година Каспаров се повлекол од шахот и се посветува на политиката и пишувањето.

6. Џејмс Вуд (65) IQ 180, освоил максимален број на бодови на државната матура. Се запишал на познатата УКЛА школа, на отсек за математика, а многу набрзо добил и стипендија за МИТ. Но, и покрај фантастичните резултати сепак се одлучил за глумачка кариера. За своето глумачка умешност освоил Еми и две номинации за Оскар.

7. Пол Ален (59) IQ 170, како основач на Мајкрсофт, Ален дефинитивно е еден од најдобрите примери како да го претворите знаењето во богатство.Со заработка од 14,2 милијарди долари се наоѓа на 48 место на листата на најбогати луѓе на планетава.

8. Сер Ендрју Вилес (59) IQ 170, британски математичар, ја има докажано Ферматовата теорема, која се смета за најтешка математичка задача на светот. Со само десет години имало нешто што го привлеквало да ја реши теоремата, но, морал да се откаже поради тоа што немал доволно познавања од математиката. Доделена му е титулата Сер поради допринесот во математичкиот свет. Добитник е на 15 награди и признанија од областа на математиката.

9. Џудит Полгар (36) IQ 170, е унгарска шаховска велемајсторка. Џудит не учествувала исклучиво на женски шаховски турнири, туку таа е и првата жена која што играла на турнири со противници од посилниот пол.

Во 1993 година го победила поранешниот светски шампион во шах, Анатолиј Карпов, а во 2002 година успеала да ја победи и Гарија Каспарова. Нејзиниот татко се обидел да докаже дека содветното воспитување на децата од најраната возраст може да доведе до големи достигнувања во зрелоста.

10. Стивен Хокинг (70) IQ 160 автор на седум бестселери, познат по допринесите во областа на космологијата и квантната гравитација, особено во контекст на црните дупки, а од страна на популарни дела, кои ги истакнува неговата теорија за универзумот во целина.

Tags: , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1