Од затвор во Грција избега припадничка на Пинк Пантер бандата



Поранешната кошаркарка и припадничка на Пинк Пантер бандата Оливера Васиќ Ќирковиќ избега од затвор во Грција, јавуваат медиумите во Србија.

Таа во четвртокот кога избегала од затворот во Атина работела на боење на влазот на женското крило на затворот. Нејзиниот соработник и донел канта со боја со која ја  удрила чуварката и ја онесвестила. И ги украла клучевите и побегнала. Чуварката била префрлена во болница, но и суспендирана.

Грчката полиција тврди дека Оливера заедно со еден пријател  фалсификувале документи и изјнајмувале автомобили кои ги користеле од бандата Пинк Пантер, која во 2006 година беа осудени за грабеж на златара.

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1