Жителка на село Батинци сфатила дека е ограбена и дека и го нема паричникот кога се обидела да плати во дуќан ан Бит Пазар.
Крадецот на многу умешен начин успеал да и го украде паричникот во кој имало 4.800 евра и 1.500 денари како и „Вестерн Унион“ картичка и две норвешки платежни картички, без да привлече никакво внимание.
Жртвата помош побарала во полиција и го пријавила случајот. Полицијата трага по сторителот.