Олимписки шампион се изгубил во Лондон


Американскиот атлетичар Keron Klement, кој е двоен олимписки шампион, се изгубил во Лондон.

Клемент тргнал од аеродромот кон олимпиското село но со часови го немало, се додека на својот твитер не напишал дека е изгубен и ниту тој ниту возачот кој го опишал како збунет не знаеле да го најдат патот.

Автобусот со кој требало да пристигне во олимпиското село кружел цели 4 часа низ Лондон.

” И така јас 4 часа изгубен на патот. Не е баш идеален прв впечаток за Лондон. Сите сме уморни, гладни, ни треба тоалет. Ве моламмм однесете не во селото,, Напишал Клемент на својот твитер профил.

Во автобусот биле околу 100 американски спортисти. Освен американците низ Лондон залутал и автобус кој превезувал новинари. Возачот свртел на погрешна раскрсница и на крајот морал да гледа на мапа како да стигне до селото. Олимписките игри се одржуваат од 27 јули до 12 август.

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1