Грчката полиција ја пушти во јавност снимката од безбедносните камери на седиштето на Мајкрософт во кое беше фрлена бомба.
На снимката се гледа дека бело комбе привалува низ стаклената врата – во обид што подлабоко да навлезе во зградата. Потоа се гледа како 3 мажи од кој еден со моторџиска кацига на главата истура бензин во просторијата.
Просториите на Мајкрософт беа дигнати во воздух со 150 литри бензин кој напаѓачите го потпалиле и избегале од местото.
Во инцидентот немаше повредени, но беше направена значителна материјална штета поради која Мајкрософт го затвори седиштето во Атина.