Педофилите ќе мора да објават статус на Фејсбук


Од 1 август годинава сите осудени педофили, силувачи, и други сексуални престапници ќе мора на социјалните мрежи да објават статус дека се сторители на сексуален напад. Педофилите ќе мора да прецизираат дека се осудени за напад на деца.

Ова го предвидува новиот закон во американската држава Луизијана. Предлагачите на законот очекуваат тој да се прошири на сите држави во мерика, но и во светот.

Во стариот закон беше предвидено сексуалните престапници да мора со писмо да ги известат своите соседи и околни училишта дека се сторители на овие дела. Со новиот закон сега тоа мора да го направат и на социјалните мрежи. Ќе мора да го наведат точниот прекршок кој го направиле и за кој се осудени, како и да наведат на колку биле осудени. Ќе мора да ја наведат и точната адресата на живеење. Предлагачите на закон велат дека со ова ем психолошки ќе се делува на сторителот да не се обидува да заведе нови жртви преку својот профил, што во минатото било случај, а најважно од се ќе ги предупреди децата и родителите.

Share Button

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1