Пензионерите ќе се возат гратис и во сабота


Градоначалникот Коце Трајановски доставил предлог за кој Советот на град Скопје ќе расправа во понеделник по што ќе се знае дали покрај вторник и петок, јавниот превоз за пензионерите ќе биде гратис и во сабота.

Доколку се усвои одлуката ќе бидат потребни дополнителни 10 милиони денари за реализирање. На почетокот на 2010 година се воведе бесплатен превоз за жени постари од 62 години и мажи постари од 64 години, само во петок, а потоа во текот на 2011 година, гратис возење пензионерите добија и во вторник.

Пензионерите максимално го користеа бесплатното возење што ги намали приходите на ЈСП. Поради тоа Градот во 2010 го субвенционираше јавниот градски превоз со 60 милиони денари, во 2011 година им даде 120 милиони денари.

Share Button

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1