Пијте вода за да ја смирите главоболката


Се чини дека научниците пронајдоа ефикасен начин за смирување на непријатните главоболки. Доколку патите од силни болки во главата, оставете или намалете ги таблетите и пијте вода.

Повременото пиење вода може да ги смири зачестените главоболки и силните мигрени. Научниците од холандскиот Универзитет во Мастрихт, открија дека седум чаши вода на ден се доволни да ви ја ублажат болката и да им го подобрат квалитетот на животот на оние кои патат од мигрена.

“Оние кои патат од главоболка, можат да имаат корист од пиење на вода, па се чини разумно овој природен лек што почесто да се препорачува. Можат сите да пробаат и да увидат дека навистина ќе има подобрување“, изјави истражувачот Марк Спигт.

Во истражувањето учествувале повеќе  од 100 лица кои патат од тешки или благи главоболки, па Спигт ги посоветувал како да се решат од истите. Меѓу другите совети биле и помало внесување на кофеин во организмот, како и здраво и редовно спиење.

На едната група учесници во студијата, им било кажано да пијат дополнително и по еден литар вода во текот на денот, во наредните три месеци. Резултатите покажале дека на оние кои внесувале повеќе вода во организмот, здравјето значително им се подобрило.

Некои лекари кои се занимаваат со проблеми поврзани со мегрена, сметаат дека најверојатно станува збор за „пласибо ефект“, но признаваат дека многу луѓе, кои превентивно пијат вода, многу подобро се чувствуваат.

Share Button

Tags: , ,

Ивана Терзиевска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1